Дома Фудбал Да, знаеме Малком – сонуваше да играш за Барселона како дете…

Да, знаеме Малком – сонуваше да играш за Барселона како дете…

Бразилецот Малком денес беше претставен како нов фудбалер на Барселона, а потоа следуваше добро познатата изјава која веќе навикнавме да ја слушаме во фудбалскиот свет.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Малком како дете сонувал да игра за Барселона…

„Среќен сум што сум тука, како дете сонував вакво нешто. Тешко да се стигне до клуб каков што е Барселона. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе“, изјави Малком.

Малком во Барселона дојде од Бордо, а неговиот трансфер беше навистина контроверезен, со оглед дека еден ден пред трансферот во Барселона, беше потврдено дела ќе се пресели во Рома.

„Секогаш сум бил опуштен за тоа. Моите претставници се грижат за таквите работи и договорите“, гласеше одговорот на Малком.

На крајот Бразилецот истакна задоволство и што ќе има прилика да игра со Лионел Меси, за кого кажа дека е најдобар фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике е генијалец: Со неверојатен потег ја уништи ноќта на ѕвездата на Баерн

ПСЖ изгледаше моќно во реванш дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн …