Дома Фудбал Италија „Да бев се уште претседател, би размислувал да го донесам Роналдо“

„Да бев се уште претседател, би размислувал да го донесам Роналдо“

Поранешниот претседател на Интер Масимо Морати во разговор за РТВ Сан Мартино порача дека и тој би размислувал за ангажирање на Кристијано Роналдо, доколку бил претседател.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да потсетиме, Јувентус пред неколку дена го официјализира доаѓањето на една од двете најголеми фудбалски ѕвезди во 21 век, а Мората ја искористи приликата да им честита.

„Доколку бев се уште претседател на Интер, би размислил за тоа. Јуве заврши добра работа, ми се допаѓа како навивачите се изненадени, ова е вистински поклон за нив. Слична ситуација имав кога го донесов Роналдо (Бразилецот). Му честитам на Јувентус бидејќи направи прекрасна работа.“ – порача Морати.

Морати беше претседател на Интер од 1995. до 2013. година, а за тоа време донесе неколку огромни фудбалски ѕвезди како што се Роберто Карлос, Кристијан Виери, Адриано, Ибрахимовиќ, Креспо. Нормално, неговиот најголем успех е донесувањето на Роналдо од Барселона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд: Одлуките секогаш се во корист на големите, го знам тоа од Сити

Синоќа, Норвешка беше елиминирана од Светското првенство по поразот од Англија со 2:1 во ч…