Хет-три против Саутемптон и соборување на рекордот на Алан Ширер повторно го лансираа Хари Кејн во орбитата на англискиот фудбал.
Арсен Венгер истакна дека е „апсолутно импресивен“ додека познатиот англиски фудбалер, Реј Вилкинс упати совет до претседателот на Спарси, Даниел Леви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој смета дека Хари Кејн мора да остане во Тотенхем до крајот на кариерата.
„Мислам дека Даниел Леви треба да седне со него и да му каже „слушај еве ти 150 милиони, потпиши договор на 10 години“. Тоа се многу пари, но тоа е само 15 милиони по сезона. Најпрво, ако Тотенхем сака да го замени и доведе засилување тоа ќе ги чини значително повеќе. Второ, каде ќе пронајде квалитетен фудбалер како што е Кејн во овој момент? Исто така, со Кејн во шпицот ќе бидат конкурентни со останатите великани“, истакна Вилкинс.