Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Данска и Франција го одиграа најдосадниот натпревар, Перу одигра за честа и ја победи Австралија (видео)

Данска и Франција го одиграа најдосадниот натпревар, Перу одигра за честа и ја победи Австралија (видео)

Денес со двата натпревари до 16:00 часот беше комплетирана и табелата во групата „Ц“.

Во терминот од 16:00 часот се сретнаа Данска против Франција и Австралија против Перу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Данска и Франција беше убедливо најдосадниот и не се случуваше буквално ништо. Данците и Французите не залагаа да прикажат нешто повеќе со оглед на тоа дека и на двете селекции им одоговараше 0:0.

На крајот и скоро целиот стадион ги испрати актерите на овој натпревари со силни свирежи, што јасно говори каков натпревар гледавме.

Во вториот натпревар Перу стигна до првата победа на овој Мундијал ја совлада Австралија со 0:2.

Карлио постигна гол во 18 минута за водство, а конечните 0:2 ги постави ветеранот Гуереро после пет минути игра во вториот дел.


По одигрувањето на овие два натпревари табелата во групата„Ц“ изгледа вака:

Франција – 7 (3:1)

Данска – 5 (2:1)

Перу – 3 (2:2)

Австралија – 1 (2:5)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…