Македонската фудбалска репрезентација вчера приреди огромна сензација победувајќи ја Италија на гостински терен во Палермо во баражот за Светското првенство.
За пласман во Катар Македонија сега во вторник ќе игра против Португалија во Порто, а дефанзивецот од селекцијата на Португалија, Данило не е толку изненаден од победата на Македонија против Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Победата на Македонија не ме изненади премногу, одиграа фантастични квалификации. Тие се репрезентација која игра убав фудбал, неверојатни борци и добро организиран тим. Тактички одлично се спремни, затоа нивната победа не ме изненади“, изјави Данило.
Против Португалија ќе играме во вторник во истиот термин од 20:45 часот.