Дома Македонски спорт Мак фудбал Даниел Стојановски го наследи Цицмиловиќ на клупата на Воска

Даниел Стојановски го наследи Цицмиловиќ на клупата на Воска

Тимот на второлигашот Воска Спорт веројатно беше најактивниот во преодниот рок, резултатите од почетокот на сезоната и не се така лоши, но сепак по победата против Охрид во саботата во Воска се одлучија за промена на клупата.

Воска ја напушти досегашниот прв стратег Раде Цицмиловиќ, а за нов тренер е назначен човекот кој беше негов помошник Даниел Стојановски. Како и голем дел од играчите на Воска и Стојановски пристигна во стручниот штаб на Цицмиловиќ во текот на летото.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Воска верува во квалитетите на новиот стратег, а исто така раководството изрази и благодарност за досегашната работа на тренерот Цицмиловиќ. Воска после осум кола се наоѓа на второто место на табелата зад лидерот Силекс.

Фото: ФК Воска

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…