Навивачите на Јувентус се зачудени од одлуката одново да се продолжи договорот на Даниеле Ругани.
Даниеле Ругани има менаџер кој се вика Давиде Торки. Тој не е помеѓу највлијателните во светот на фудбалот. Веројатно и за оние кои повеќе следат фудбал е анонимец, но делата покажуваат дека си работи одлично!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Торки успеа на својот клиент Даниеле Ругани да му издејствува нов договор и тоа само два ипол месеци откако го потпиша претходниот.
Според информациите од Италија Ругани наскоро ќе потпише договор со важност до 2024 година. Претходно во март Ругани потпиша договор до јуни 2023 година.
„Јувентус е тој кој официјално ќе ја објави веста. Но веројатно знаете да броите. Договорот ќе биде на пет години, така да ако се сме 2019, значи ќе важи до летото 2024“, гордо изјави Торки.
Засега нема информации под какви услови Ругани го потпишал новиот договор, но извесно е дека ќе добие одредено покачување. Во март неговата плата беше зголемена од 2.6 милиони евра по сезона на 3.5, а сега се очекува да ја пробие границата од четири милиони евра.
Но само парите не се она што го задоволува Ругани. Тој сака да игра. Кај Алегри не беше прв избор, но сигурно би бил ако Јувентус го превземе Маурицио Сари. Токму Сари го лансираше Ругани на големата сцена додека го водеше Емполи, а сакаше да го доведе и минатото лето во Челзи.