Доскорешниот заменик капитен на Манчестер Сити, Кевин де Брујн изгледа не ужива апсолутна поддршка во соблекувалната.
Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола после заминувањето на Компани во 2019 година им дозволи на играчите секоја година да гласаат за капитен и заменик капитен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Де Брујн минатата сезона беше заменик капитен на неприкосновениот Фернандињо, но оваа сезона „падна на листата“.
Имено, играчите ова лето гласале нешто поинаку, Фернандињо остана капитен, но негов заменик оваа сезона ќе биде Илкај Гундоган.
На третото место е Рубен Дијаш, а Де Брујн падна дури на четвртото место во гласањето.