Дома Топ вести Дали се повторува случајот Фиго? Реал спрема жесток удар за Барселона

Дали се повторува случајот Фиго? Реал спрема жесток удар за Барселона

Иднината на Самуел Умтити овие денови е главна тема во Шпанија, бидејќи дефанзивецот се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ добија неочекуван конкурент за потписот на Умтити, а тоа е Реал Мадрид.

Французинот има откупна клаузула од 60 милиони евра, а со оглед на неговите квалитети и колку е важен за тимот на Барселона, оваа цена се смета за мала.

Преговорите за продолжување на договорот и ревидирање на клаузулата не одат добро, бидејќи Умтити има големи финансиски барања.

Таквата ситуација се обидува да ја искористи Манчестер Јунајтед, но сега во трката за потписот на дефанзивецот се вклучи и Реал Мадрид.

„Кралевите“ се во потрага по квалитетен стопер и се спремни да ја платат откупната клаузула, притоа му нудат поголема плата отколку Барселона.

Шпанските медиуми најавуваат повторување на „случајот Фиго“, а дали Умтити ќе се согласи да премине во редовите на најголемиот ривал, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…