Дома Фудбал Репрезентации Дали пред Италија Сејдини го најави новиот договор за Милевски?

Дали пред Италија Сејдини го најави новиот договор за Милевски?

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Италија во квалификациите за Европското првенство, а пред овој натпревар се огласи претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Ако се чита „меѓу редови“ внајверојатно ова негово огласување е и најава за нов договор на Благоја Милевски. Македонија веќе ги загуби шансите за пласман на ЕП во 2024, а договорот на Милевски завршува со овие два натпревари, но најверојатно тој ќе остане селектор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е играта која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак.И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како  што можеме ние.

Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции. Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина. За мене сега ова е врвен приоритет, да помогнеме заедно да ги постигнеме целите и да им дадеме крилја на младите момци од секој аспект за да можат да не израдуваат со нивните успеси сите заедно“, објави Сејдини.

„Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина“, токму овој дел звучи како најава за продолжување на соработката со Милевски бидејќи очигледно во федерацијата се задоволни од неговата работа.

Но, да почекаме да заврши натпреварот со Англија в понеделник во Скопје кога би требало да биде појасно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…