Дома Останати Кошарка НБА Дали овој човек е од „крв и месо“!? – Неверојатно, но тоа е Леброн Џејмс!

Дали овој човек е од „крв и месо“!? – Неверојатно, но тоа е Леброн Џејмс!

james

Добро познато е дека најдобриот кошаркар во светот Леброн Џејмс поседува неверојатни физички предиспозиции, а приказната која денес се појави во американските медиуми е само уште еден доказ за тоа.

Леброн Џејмс во својата 15 година во НБА лигата игра како и првиот ден. Успеа да ги надмине тешките повреди, а изгледа дека и до ден денес не ја изгуби силата, брзината и одразот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навистина неверојатна приказна пренесува новинарот на ЕСПН, Брјан Виндхорст кој откри анегтота од пред неколку години од финалната серија на Истокот кога Џејмс го носеше дресот на Мајами.

„Некои играчи на Мајами кои ја беа присутни зборуваа со неверување. Џејмс се симна од вагата и само кажа: „Баш чудно“. Неверојатно е што пред натпреварот имаше 123 килограми, а после натпреварот нешто повеќе од 126, иако денес е многу полесен отколку тогаш“, зборуваше Виндхорст.

Кариерата на Џејмс е преполна со многу неверојатни потфати. Виндхорст истакна и дека во еден момент Џејмс го искривил скочниот зглоб за 90 степени, но продолжил нормално да игра, покрај тоа на истиот натпревар стигнал до трипл-дабл. Исто така се потсети и на една прилика во која Џејмс одработил цел тренинг непосредно пред натпреварот, а потоа играл 40 минути и постигнал 40 поени.

Сепак, качување на три килограми за само еден натпревар изгледа неверојатно, но знаејќи за кого се работи не е ништо невозможно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…