Дома Фудбал Италија Дали овој потег на Рома значи дека Милан ќе биде исфрлен од Европа?

Дали овој потег на Рома значи дека Милан ќе биде исфрлен од Европа?

roma

Први јули ќе го даде одговорот дали „росонерите“ постигнале договор со УЕФА или им е забрането да учествуваат во европските натпреварувања.

Рома на својот официјален сајт објави дека го откажува почетокот на припремите за новата сезона. Припремите на Рома беа закажани за 29-ти јуни. Екипата требаше да престојува од 29-ти јуни до 7-ми јули, но сето тоа е откажано поради неизвесноста во врска со датумот за првиот официјален натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова значи дека Римјаните ќе се соберат подоцна од планираното, а тоа може да значи дека нема да мораат да играат во квалификациите за Лигата Европа, туку директно ќе се пласираат во групната фаза.

Рома сезоната ја заврши на шестата позиција. Тоа е позиција која носи играње во квалификациите за Лигата на Европа, до директен пласман ги дели една позиција.

Петтото место го освои Милан меѓутоа „росонерите“ се наоѓаат под голем притисок на УЕФА поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј (ФФП).

Во официјалното соопштение на Рома се наведува дека така побарал новиот тренер Паоло Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…