Според се Антоан Гризман од лето ќе го облече дресот на Барселона.
Гризман беше голема желба на Манчестер Јунајтед, но желбата на Французинот очигледно е каталонскиот гигант. Претходно беше објавено дека Гризман го прифатил трансферот во Барселона по завршувањето на сезоната, иако сега се уште не е ништо потврдено од двете страни, еден детал не наведува на тоа да мислиме дека Французинот се сели на „Ноу Камп“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одличниот напаѓач оваа сезона постигна 23 погодоци и во овој момент е еден од најубиствените напаѓачи на светот, во неговиот договор со Атлетико Мадрид постои откупна клазула и истата наводно Барселона е спремна да ја плати.
Во 192 настапи за Атлетико Гризман постигна 99 голови и затоа навистина не е потребно да се трошат зборови на опишување на неговите квалитети.
Дека приказната за Барселона не е само медиумска шпекулација и измислица покажува веста за сопругата на Гризман Ерика Чопрена која посетила агенција за недвижности во Барселона.
Ерика доставила барање до агенцијата и сега чека да и понудат адекватен смештај. Според се многу веројатно е дека Гризман наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.