Дома Фудбал Дали ова е најава за заминување на Алиоски од Ал Ахли? 🎥

Дали ова е најава за заминување на Алиоски од Ал Ахли? 🎥

На последниот натпревар тимот на Езгјан Алиоски беше поразен од Рајдес со 1:3, а овој пораз многу веројатно значеше и испаѓање на Ал Ахли во понизок ранг.

Во последното коло Ал Ахли влегува со позиција од зоната за испаѓање и ќе игра против четвртопласираниот тим на табелата, па големи се шансите наредната сезона да се натпреваруваат во второто по ранг натпреварување во Саудиска Арабија.

Испаѓање на Ал Ахли во понизок ранг веројатно значи и заминување на Езгјан Алиоски. Ако таквите најви се остварат вчерашниот натпревар беше последен за Алиоски пред домашните навивачи.

Најава дека може да се случи негово заминување беа и солзите после натпреварот. Фаворит во овој момент за потписот на Џани е турски Трабзонспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седум порази во девет меча: Македонија со тежок биланс во 2026 година

Само три селекции имаат повеќе порази од Македонија во досегашниот дел од годината. Петте …