После инцидентот во текот на ремито со Кристал Палас се појавија информации дека играчот за врска Гранит Џака би можел да остане без капитенската лента.
Екипата на Арсенал во последно време забележува слави резултати, откако изгубија од Шефилд, ремизираа со Кристал Палас на домашен терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот против Палас го обележа Гранит Џака кој во 61-та минута беше заменет при резултат 2:2. Додека излегуваше од теренот Џака доби и свирежи и тоа очигледно не му се допадна.
Џака ги провоцираше навивачите на Арсенал да му свират уште повеќе, а потоа и го совлече дресот. Неговата реакција наиде на осуда од јавноста и се пишуваше дека ќе остане без капитенската лента.
Сепак, судејќи според последните информаџии Џака ќе остане капитен на екипата од Северен Лондон и во наредниот период.
„Тренерот ќе одлучи дали ќе останам капитен или не. Но ние како група го поддржуваме во целост како лидер. Тоа што се случи беше голем шок. Сите имаат емоции Во тој момент не размислуваше за тоа бидејќи беше 2:2 и навивачите сакаа да го добиеме натпреварот се чуствуваше нервоза, но мислам дека ако повторно се најде во таква ситуација ќе размисли пред да изреагира“, изјави младиот голман на Арсенал, Емилијано Мартинез после поразот од Ливерпул во Лига Купот.
Како што стојат работите Џака ја има поддршката од соблекувалната и многу веројатно и во иднина ќе ја носи капитенската лента на Арсенал.