Дома Фудбал Дали Мундијалот ќе биде без најдобриот фудбалер на светот?

Дали Мундијалот ќе биде без најдобриот фудбалер на светот?

Дидие Дешамп денеска ќе го објави конечниот список на патници на Светското првенство во Катар, а последните информации ги загрижија фановите.

Како што објавија шпанските медиуми, ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација, Карим Бензема повторно не го завршил тренингот и е неизвесен за Мундијалот.

„Не е ништо страшно. Карим се обиде денеска да тренира, но не можеше“, изјави Карло Анчелоти.

Бензема се мачи со повредата на бутниот мускул и од почетокот на сезоната пропушти 11 меча за „кралевите“.

Франција сигурно ќе остане без повредените Пол Погба и Нголо Канте на Мундијалот, па останува да видиме дали најдобриот фудбалер во светот ќе биде на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…