Дома Топ вести Дали Мбапе ја зборуваше вистината?

Дали Мбапе ја зборуваше вистината?

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе и ова лето се наоѓа во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Неговиот однос со управата на ПСЖ повторно не е најдобар откако соопшти дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година. Наводно, Реал Мадрид повторно е во игра, „кралевите“ беа блиску да го доведат минатото лето, но тогаш се одлучи да потпише нов договор со францускиот гигант на две години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На крајот на оваа сезона повторно се појавија такви најави, па Мбапе одлучи да излезе во јавноста со тврдење дека сезонава ќе остане во Париз.

„Не сум побарал да заминам од ПСЖ за да направам трансфер во Реал Мадрид. Само го известив клубот дека нема да ја активирам опцијата за продолжување на договорот до јуни 2025 година. Никогаш не сум разговарал со ПСЖ за нова соработка, но среќен сум што ќе бидам тука и наредната сезона“, гласеше изјавата на Мбапе за „Газета дело Спорт“.

Но, во целата ситуација постојат малку нелогичности. Прашање е колку ПСЖ ќе сака да го задржи Мбапе кога знае дека следното лето ќе го изгуби без да добие оштета. Мбапе идното лето ќе биде слободен и ќе може да потпише за кој клуб сака, а ПСЖ ќе остане без ниту цент од неговото заминување.

Во спротивно сигурно ако го продадат ова лето ќе можат да заработат најмалку 100 милиони евра. Освен тоа во Париз веќе започна еден вид реконструкција со заминувањето на Рамос, Меси и тренерот Галтие, па за нив веројатно е подобро да останат и без Мбапе и во една сезона да завршат со формирањето на „новиот“ тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …