Раководството на Саутемптон е спремно во јануарскиот преоден рок да го продаде својот најдобар фудбалер, Вирџил ван Дијк, пренесуваат италијанските медиуми.
26-годишниот Холанѓанец во летото беше цел на многу европски гиганти, пред се на Ливерпул, но трансферот на се реализираше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Саутемптон викендот го изостави Ван Дијк за мечот против Хадерсфилд, а тоа го објасни со ротација.
Меѓутоа, извори близки до клубот пренесуваат дека во Саутемптон се помириле со продажба на својот најдобар фудбалер и се спремни да го пуштат за сума од 70 милиони фунти.
За Ван Дијк покрај Ливерпул интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Челзи, па остануав да видиме дали некој од овие клубови е спремен да ја плати оваа сума.
Доколку трансферот се реализира, тогаш Холаѓанецот ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Liverpool are close to agreeing a £70m deal with Southampton to sign Virgil van Dijk. (Source: Sunday Express) pic.twitter.com/AsdEoQRbcT
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 24, 2017