Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дали голот на Аргентина беше регуларен? Французите тврдат дека морало да биде поништен📷

Дали голот на Аргентина беше регуларен? Французите тврдат дека морало да биде поништен📷

Аргентина е нов светски шампион откако во спектакуларно финале ја победи селекцијата на Франција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентина до својата трета светска титула дојде после изведување на пенали, откако после 120 минути игра беше 3:3.

Само ден после натпреварот Французите тврдат дека голот на Аргентина во 108-та минута требало да биде поништен.

Имено, водечниот француски весник „Екип“ тврди дека Аргентинците од клупата влегле на терен пред топката да ја мине гол линијата.

„Голот не е регуларен, се стриктно се почитуваат правилата. После првата одбрана на Лорис, под емоционален набој, резервистите на Аргентина веќе беа внатре во теренот. Тоа е строго забрането и голот требаше да биде поништен“, објави „Екип“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Новинар дозна кој е бомбата на Реал од 150 милиони евра: Бев шокиран, не можев да верувам…

Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на…