Приврзаниците на Барселона продолжуваат да негодуваат на одлуките на ВАР и сметаат дека нивниот тим е оштетен во споредба со Реал Мадрид.
Синоќа голот на Карим Бензема против Реал Сосиедад предизвика многу полемики за тоа дали напаѓачот играше со рака, иако судиите проценија дека било рамо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ потсетува за аналогна ситуација од пред неколку месеци кога сличен гол на Меси беше поништен. Во јануари Каталонците играа Суперкуп против Атлетико Мадрид и загубија со 2:3, а судијата му поништи гол на Меси поради „игра со рака“.
„Спорт“ открива три случаи на употреба на ВАР во последните неколку дена кои според нив биле во полза на Реал Мадрид. Покрај „спорниот“ гол на Бензема, синоќа ВАР не му призна гол на Сосиедад при водство на „кралевите“ од 1:0.
Минатото коло гол на Валенсија првично беше признат, а потоа реагираше ВАР и го поништи поради офсајд.
Моментално Реал се израмни со Барселона на врвот на табелата, а дали обвиненијата против „кралевите“ се основани предусете сами.