Дома Фудбал Италија Дали ВАР вчера против Јувентус ја направи првата официјална грешка?

Дали ВАР вчера против Јувентус ја направи првата официјална грешка?

Јувентус одигра 2:2 против Салернитана, а големи возбудувања од овој натпревар видовме во финишот од натпреварот.

„Старата дама“ губеше со 0:2, а на крајот можеше да стигне и до победата. Новото засилување на Јувентус, Милик постигна гол во последните минути, но тој гол беше поништен после одлуката на ВАР.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш настана хаос на теренот. Милик доби втор жолт и исклучување поради прославата на голот кој беше поништен, за потоа поради приговор да бидат исклучени Квардадо и тренерот Алегри.

Меѓутоа подоцна се појавија фотографии кои јасно покажуваат дека ова е веројатно првата официјална грешка на ВАР на еден натпревар.

Во анализата направена на „Скај“ може да се види дека Бонучи за кого голот е поништен не е најблиску до голот на Салернитана, туку тоа е Кандрева кој стои во близина на корнер знаменцето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…