Дома Фудбал Англија Дали Алкантара е проблемот на Ливерпул?

Дали Алкантара е проблемот на Ливерпул?

Ливерпул повторно изгуби, а Тијаго Алкантара повторно е метан а критики.

Шпанецот направи фаул при изедначувачкиот гол на Лестер после кој се се сруши, Ливерпул целосно падна. По натпреварот легендарниот играч на „црвените“ Џејми Карагер не штедеше критики за Алкантара.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ливерпул беше одличен до изедначувањето. Тијаго не постои во дефанзивата“, порача Карагер.

Уште еден легендарен фудбалер го критикуваше Алкантара, Џермејн Џенас.

„Мислам дека на Ливерпул му недостасува свежина во средината. Мој впечаток е дека Тијаго е слаба точка во средината, тешко се прилагодува на барањата на Клоп без топка. Ливерпул е најсилен во својот пресинг, а Тијаго нема големо влијание“.

„Тијаго беше одличен во Баерн, но овој систем не му одговара. Можеби начинот на кој Баерн играше пресинг повеќе му одогвараше.

Очигледно е дека не ги прави работите кои треба да ги прави. Доцни во секоја ситуација и лошо се поставува“, истакна Џенас.

Останува да видиме дали Тијаго ќе ја подигне формата како и цел Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …