Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Далиќ по бронзата до Чиро Блажевиќ: Шефе, ова е за тебе!

Далиќ по бронзата до Чиро Блажевиќ: Шефе, ова е за тебе!

Хрватскиот селектор Златко Далиќ му ја посвети бронзата во Катар на легендарниот Чиро Блажевиќ.

Далиќ по победата од 2:1 против Мароко посочи дека овој медал сјае како злато затоа што повторувањето на успехот од Русија за второ полуфинале е историски момент и потврда за големината на хрватскиот фудбал.

„Оваа бронза е како злато за нас, голема работа е да си трет во ваква конкуренција. Момците изгинаа на теренот.

Но, ова не е мој успех, ова е успех на човекот кој започна сето ова, тоа е Чиро Блажевиќ. Шефе, ова е за тебе“, порача Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…