Дома Останати Кошарка НБА Далас победи и без Дончиќ, Вориорси предводени од Томпсон подобри од Оклахома 🎥

Далас победи и без Дончиќ, Вориорси предводени од Томпсон подобри од Оклахома 🎥

Голден Стејт славеше победа над Оклахома со 141:114 и така „Вориорси“ ја забележаа втората победа во низа во НБА лигата.

Клеј Томпсон беше најдобриот во редовите на Голден Стејт со 42 поени, треба да се спомене дека постигна 12 тројки од 16 обиди. Џордан Пул уфрли 21 поен и додаде 12 асистенции, а Ендрју Вигинс додаде 18 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Клиперси беа подобри од Брклин со 124:116 и ова за Клиперс беше осма победа во последните 10 натпревари. Пол Џорџ беше најрасположен со 29 поени, додека Каваи Ленард додаде 24 поени и шест асистенции.

Треба да се спомене и дека пред натпреварот Бруклин потврди дека Кари Ирвинг и Маркиф Морис се селат во Далас во замена за Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит и неколку пикови од првиот и вториот круг на претстојните драфтови.

Без Лука Дончиќ во составот Далас славеше против ЈУта со 124:111. Се истакнаа младите Грин и Харди со по 29 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Бостон 99:111, Вашингтон – Кливленд 91:114. Бруклин – ЛА Клиперс 116:124, Чикаго – Сан Антонио 128:104, Хјустон – Сакраменто 120:140, Јута – Далас 111:124, Голден Стејт – Оклахома 141:114, Портланд – Милвоки 108:127

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…