Дома Фудбал Англија Давид Луиз: Канте не е толку добар човек како што мислите

Давид Луиз: Канте не е толку добар човек како што мислите

Давид Луиз вели дека се лажеме ако мислиме дека Нголо Канте е толку добар човек.

Канте е омилен во соблекувалната, но Бразилецот кој со сонародникот Вилијан е сопственик на ресторанот „Бобо“ во Лондон, низ смеа кажува дека Французинот не е таков каков што се преставува.

„Сите играчи на Челси доаѓаат кај нас, за да не платат вечера.“ – вели низ смеа Луиз.

„Сепак, некои плаќаат, но Нголо Канте никогаш.“ – додаде Бразилецот.

Канте инаку е познат како скромен човек, посветен на религијата и семејството, а изгледа дека парите ги чува  за “црни денови“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Леаo може да се пресели во Премиер лигата? Скај: Разговори се во тек

Рафаел Леао (27) е во можност, на самиот крај од трансфер периодот, да го напушти Милан и …