Tимот на Денвер успеа да слави во дербито во НБА лигата против Бруклин со 124:118.
Одново одличен натпревар одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл од 26 поени и 10 скока, за трипл-дабл му недостасуваа само уште две асистенции. Денвер е шести во Западната конференција откако остварија три врзани победи. Вкупниот учинок на овој тим 26 победи и 21 пораз. Баруклин на Истокот е четврти со 29 победи и 19 порази.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Далас славеше на гости кај Портланд со 112:132. Мавси беа предводени од кој друг ако не од Лука Дончиќ кој го оствари својот 42-трипл-дабл со 15 поени, 15 асистенции и 10 скока. Кристап Порзгинс поентерски беше најефикасен со 22 поени, а треба да се истакне и дабл-дабл учинокот на Џејлен Бренсон со 20 поени и 11 асистнеции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Портланд – Далас 112:132
Кливленд – Милвоки 115:99
Индијана – Шарлот 126:158
Орландо – ЛА Клиперс 102:111
Атланта – Сакраменто 121 104
Мајами – Њујорк 110:96
Бруклин – Денвер 118:124
Чикаго – Торонто 111:105
Сан Антонио – Мемфис 110:118
Јута – Феникс 97:105