Дома Останати Кошарка НБА Дабл-дабл на Леброн и победа на Лејкерс по продолженија за плеј-оф во НБА!

Дабл-дабл на Леброн и победа на Лејкерс по продолженија за плеј-оф во НБА!

Лос Анџелес Лејкерс преку продолжение славеше над Минесота и обезбеди место во плеј-офот од НБА лигата, до место во разигрувањето стигна и Атланта која беше подобра од Мајами.

Предводник во победата на Лејкерс од 108:102 откако во регуларниот дел заврши 98:98 беше Леброн Џејмс кој оствари дабл-дабл од 30 поени и 10 скокови. Дејвис додаде 24 поени. Треба да се спомене и дека Минесота беше сериозно ослабена поради неиграњето на Гобер и повредениот МекДениелс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак и во ваков состав Минесота создаде проблеми на домашната екипа која за првпат поведе во последниот период, сепак во завршницата Лејкерс се врати, а во продолжението беше подобар тим и дојде до победата.

Атланта беше предводена од Тре Јанг до победа во Флорида. Тре Јанг уфрли 25 поени, додека Лаури со 33 и Хиро 26 беа најдобрите во поразениот тим.

Лејкерс во плеј-офот ќе играат против Мемфис, додека Атланта оди на Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…