Дома Останати Кошарка НБА Дабл-дабл и 50-ка за Јанис, Чеди Осман го водеше Кливленд до победа со Клиперс 🎥

Дабл-дабл и 50-ка за Јанис, Чеди Осман го водеше Кливленд до победа со Клиперс 🎥

Чеди Осман, турскиот репрезентативец кој е роден во Охрид и често пати го истакнува своето македонско потекло одигра одлична вечер во НБА лигата предводејќи го својот Кливленд до победа против Клиперс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осман натпреварот против Клиперс го заврши со 29 поени и беше максимален во обидите за три поени (7/7), а на тоа додаде по два скока и асистенции.

Зад Осман беше Гарланд со 16 поени и 10 асистенции. Треба да се спомене и дека Осман со седумите тројки се искачи на шестата позиција на вечната листа на кошаркари со најмногу тројки за Кливленд.

Јанис Антетокумпо повторно беше најдобар за Милвоки и во победата против Њу Орлеанс (135:110) постигна 50 поени и додаде 13 скока со што ја обебзеди 33. победа за „елените“ сезонава.

Во последниот натпревар кој се играше изминатата ноќ Мемфис беше подобар од Индијана со 112:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…