Германија наредното лето ќе биде домаќин на Европското првенство, а формата во која се наоѓа оваа репрезентација на навивачите не им дава голема надеж дека можат до поголем успех на домашен терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германците вчера беа поразени од Австрија со 0:2 и тоа за нив беше шести пораз во 11 натпревари во 2023 година што секако е далеку од учинокот кој навивачите го очекуваат од ваква силна селекција со големи имиња.
Каква е ситуацијата во селекцијата зборува и фудбалерот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган кој истакна дека полошо не би можело да биде.
„Навистина сме разочарани и вознемирени. Дозволивме Австрија да создава шанси, но мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не е проблем само одбраната, целиот тим има проблеми. Единствено добро нешто во оваа ситуација е што полошо не може.
Немаме избор и мораме подобро, секој мора да го даде најдоброто на теренот и во мартовските натпревари, друг начин нема“, порача Гундоган.