Дома Фудбал Репрезентации Гундоган ги кажа фаворитите за Европското првенство и ги разочара Германците

Гундоган ги кажа фаворитите за Европското првенство и ги разочара Германците

За пет дена стартува Европското првенство во Германија, а сега фудбалерот од средниот ред на Германија, Илкај Гундоган го кажа својот фаворит.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Зборуваше Гундоган за своите фаворити и помеѓу нив интересно не ја смести Германија.

Германија на последните големи натпреварувања немаше некои посебни резултати, меѓутоа сега очекувањата на германската јавност се големи затоа што играат на домашен терен.

Според Гундоган прв фаворит за титулата европски шампион е Франција.

„Фаворит е Франција, а зад неа следат Португалија, Шпанија и Англија“, смета Гундоган.

Како домаќин Германија во петок (14-ти јуни) го отвора Европското првенство со натпреварот против Шкотска и во нејзината група се уште Шкотска, Швајцарија и Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Напаѓачот на Јувентус си ја отвори душата: Го допрев дното, плачев на тренинзите…

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик (32) искрено ја отвори својата душа во последниот подкаст …