Грчките навивачо на Австралија Опен за Марија Сакари навиваа со антимакедонски знамиња, но тоа не помина незабележано од организаторот.
20-тина грчки навивачи направија инцидент во женска конкуренција. Откако полицијата ги избркала грчките навивачи се жалеле на расизам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од полицијата соопштија дека проблематичната група добила неколку предупредувања пред да биде отстранета од трбиините.
„За време на мечот на теренот број осум групата доби неколку предупредувања од судијата, обезбедувањето и полицијата. На крајот неопходна беше наша реакција“, соопштија од полицијата.
Нешто слично се случуваше и во понеделеникот кога Циципас играше против Италијанецот Салваторе Карузо. Циципас беше искрен и порача дека некогаш претеруваат.
„Некогаш навистина претеруваат. Мене ми е убаво кога имам таква поддршка, но не знам како би реагирал ако јас сум на спротивната страна. Сепак, ова е тенис, а не фудбал“, изјави пред неколку дена Циципас.