Дома Македонски спорт Грците провоцираат: Селекторот најави дека ќе играат против Скопје!

Грците провоцираат: Селекторот најави дека ќе играат против Скопје!

Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за двата пријателски натпревари против Грција.

Избраниците на Лазаров против Грција ќе играат на 3-ти и 4-ти ноември во Солун, а пред оваа средба пристигна провокација од грчкиот селектор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Грција, Георгиос Заравинас од некоја причина одлучи да избегне да каже Македонија и најави дека неговата репрезентација ќе игра против Скопје.

„Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје.

За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати“, изјави грчкиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Просинечки доби тешка задача: Требаше да го избере најдобриот екс-ју фудбалер во историјата

Роберт Просинечки пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација.…