Дома Останати Кошарка НБА Грифин објасни зошто го избрал Бруклин

Грифин објасни зошто го избрал Бруклин

Поранешната НБА суперѕвезда Блејк Грифин пред една недела го раскина договорот со Детроит Пистонс и се пресели во Бруклин Нетс.

Сега Нетси можат да состават петорка исклучиво од поранешнит Ол-Стар играчи, Кевин Дурант 11 пати во кариерата беше на Ол-Стар натпреварите, Харден девет, Кајри Ирвинг седум, Грифин шест, а неговиот поранешен соиграч во ЛА Клиперси Де Андре Џордан еднаш.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секогаш имав голема почит кон тренерот на Нетс Стив Неш и сите момци кои се тука. Генералнјиот менаџер Сен Маркс направи одлична работа. Беше тешка одлука, но сакав да одам во тим кој ќе се бори за тритула. Мојата единствена цел за што сум тука е да помогнам тимот да дојде до титулата“, изјави Грифин.

Сепак, оваа верзија на Грифин е далеку од онаа најдобрата. Крилниот центар некогаш беше синоним за летечки способности, а веќе две години нема забивање на еден натпревар. Повредите и операциите му ги одземаа атлетиските способности кои го правеа голем играч. Сезонава неговиот просек од 21.6 поени и 9.3 скокови по натпревар падна на 12.3 поени и 5.2 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…