Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата бидејќи кралското обвинителство не нашло докази да го продолжи случајот и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.
Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а засега од „црвените ѓаволи“ не потврдуваат дали ќе биде вратен во составот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната.
Поради тоа Грунвуд на лето може да го раскине договорот со Јунајтед и да биде слободен агент, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан.
Италијанскиот гигант гледа шанса да го доведе големиот талент без обештетување на „Сан Сиро“ и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
📰 @MatteoMoretto: #ACMilan interested in Greenwood amid uncertain future at #MUFChttps://t.co/dsNpNlWaRa #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) April 15, 2023