Кога Антоан Гризман пристигна во Барселона се очекуваше да биде големо засилување за овој тим.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Гризман минатото лето беше платен 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. На 48 одиграни натпревари, постигна само 15 голови и додаде четири асистенции. Многу се пишува дека неговиот однос со Меси не е како што треба, сега Французинот зборуваше на оваа тема.
„Мојата иднина е во Барселона и среќен сум тука. Имам доверба во новиот тренер и се чувствувам супер. Минатата сезона беше комплицирана за мене, но тука сум и сакам да се докажам“.
„Со Меси имам проблем, но тоа е истиот проблем кој го имам со Мбапе. Не успеавме веднаш да се пронајдеме на теренот и ни требаше време почнеме да соработуваме. Сепак, мислам дека набрзо ќе соработуваме многу полесно на теренот“, изјави Гризман.