Дома Фудбал Гризман со голем стил му одговори на Рибери

Гризман со голем стил му одговори на Рибери

Францускиот напаѓач Антоан Гризман му одговори на својот сонародник Франк Рибери, откако овој истакна дека напаѓачот на Атлетико сеуште не е светска класа.

Рибери пред неколку дена изјави дека Гризман сеуште не е играч од светска класа и дека ќе треба допрва да се докажува, а напаѓачот на Атлетико му одговори во голем стил.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Рибери има право за тоа дека уште не сум се докажал неколку години во низа. Се обидувам да бидам реален, но знам дека сум на вистинскиот пат. Секој има свое мислење и секако дека не може да биде исто. За мојот такто, јас сум најдобар играч во светот, истото важи и за навивачите на Атлетико. Јас само ќе продолжам да работам напорно. Како што вели самиот тој, на крајот ќе се види каква класа на фудбалер сум. Се уште имам 10 години пред себе во фудбалот“, истакна Гризман.

За коментар на целата ситуација беше запрашан и тренерот на Гризман, Диего Симеоне.

„Го почитувам сечие мислење, но сметам дека Антоан му даде одличен одговор на Рибери“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…