Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман во последно време игра во спектакуларна форма.
Откако во неделата постигна хет-трик против Севиља, Французинот во средата направи чекор напред и на натпреварот против Леганес постигна четири погодоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гризман во Ла Лига имаше постигнато осум погодоци, а сега за неколку дена дојде до уште седум и сега се надева дека својата серија ќе ја продолжи и во наредното коло против Барселона.
„За Атлетико постигнав многу голови, но ниеден на Камп Ноу. Посакувам тоа да се промени и да го постигнам својот прв погодок на стадионот на Барселона.“ – порача Гризман.
Гризман оваа сезона постигна 15 погодоци во Ла Лига и е четврт стрелец во шпанското првенство после Лео Меси, Луис Суарез и Јаго Аспас.