Дома Фудбал Гризман призна дека ја сонува „Златната топка“

Гризман призна дека ја сонува „Златната топка“

Ѕвездата на Атлетико Мадрид и француската репрезентација, Антоан Гризман призна дека освојувањето на „Златната топка“ за него ќе претставува остварување на сонот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гризман не престанува отворено да лобира дека „Златната топка“ треба да ја освои Французин, па не крие дека сонува престижната награда да заврши во неговите раце.

„Уживам во моментов во играта со клубот и репрезентацијата. Имам одлични соиграчи и фантастични тренери. Ако ја освојам Златната топка за мене ќе биде остварување на сонот, а тоа ќе биде историски момент и за мојот клуб. Ќе ми биде гордост и чест“, истакна Гризман.

„Секогаш има нешто што ме тере да се подобрувам. Има нешта што не сум ги освоил и затоа се трудам да ја подобрам мојата игра. Секогаш може да има повеќе голови и повеќе асистенции“, додаде Французинот.

https://youtu.be/iPBoYNxHASw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола разоткрива – Единственото нешто што го жали од неговото време во Сити

По десет значајни сезони минати во екипата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна што е н…