Дома Фудбал Гризман: Покажав дека и на Барса може да и се каже НЕ!

Гризман: Покажав дека и на Барса може да и се каже НЕ!

Сапуницата околу иднината на Антоан Гризман беше една од најинетерсните во летниот преоден рок, но заврши пред самиот почеток на Мундијалот.

Гризман беше многу блиску до трансфер во Барселона, но на крајот одлучи да остане во Атлетико и го продолжи договорот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Франузинот призна дека имал понуда од Барса, а сега ги објасни своите причини зошто останал во Мадрид.

„Тоа е како љубов која ја носите од дома и не ви паѓа на памет да го менувате семејното опкружување“, објаснува Гризман за „Екип“.

„Во Мадрид направија се за да се чувствувам добро, дури и доведоа силни засилувања за да направиме исчекор. Знам дека е тешко да му се каже НЕ на клуб како Барселона, но во Атлетико се чувствувам како дома. Јас сум значаен дел од тимот и поради тоа одлучив да останам“, заклучи Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…