Дома Фудбал Останато Гризман опседнат со „Златната топка“: Ќе направам се за да ја добијам!

Гризман опседнат со „Златната топка“: Ќе направам се за да ја добијам!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид и на француската репрезентација, Антоан Гризман не ги крие апетитите кон „Златната топка“.

Гризман уште еднаш потврди дека е разочаран што не се најде на финалниот избор на ФИФА за „Играч на годината“, но вели дека ќе направи се за да на освои „Златната топка“ која ја доделува „Франс фудбал“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Жално е што нема ниту еден Французин меѓу номинираните за наградата на ФИФА. Одигравме фантастично Светско првенство и неколку фудбалери заслужија, како Мбапе, Варан, Канте како и јас“, истакна Гризман.

„Мислам дека Златната топка е попрестижна, има побогата историја. Ќе дадам се од себе во следните три месеци за да ја освојам Златната топка“, додаде Гризман.

Нема сомнеж дека француското лоби е многу силно, па Гризман најверојатно ќе се најде меѓу финалистите за „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве кога ќе се играат полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите

Откако се одиграа реваншите од сите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, позн…