Две од најскапите засилувања во историјата на Барселона – Антоан Гризман и Филипе Кутињо имаат скоро идентични показатели на стартот на нивната авантура на „Камп Ноу“.
Мадридскиот весник „Марка“ направи споредба на статистиката од првата сезона на Кутињо со првата сезона на Гризман во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутињо стигна во Барселона во јануари, играше одлично до крајот на сезоната, но потоа разочара и беше испратен на позајмица во Баерн Минхен. Во одиграните за Барса 11 меча во Примера и 3 во Лигата на шампиони Гризман има вкупно 1047 минути, а Кутињо во истиот период одиграл 1080 минути.
За тоа време и двајцата постигнале по четири гола и запишале по три асистнеции. Од Гризман со сигурност се очекуваше поголем допринос пред голот, со оглед на фактот дека е напаѓач.
Меѓутоа, против Леванте Французинот покажа дека „работи“ многу и во дефанзивен план, а за тоа говори и неговата статистика – 34 одземени топки. Во истото тоа време Бразилецот успеал да одземе 32 топки од противниците.
Ако се земе во предвид бројот на удари кон противничкиот гол, Бразилецот има 21 додека Французинот 17.
Весникот заклучува дека со ова саканата промена во нападот на Барселона не се случила.
What a chance for Barça! @AntoGriezmann takes a pass from #Messi but it's kick-saved from close range! pic.twitter.com/trZblJBpwj
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 2, 2019