Францускиот фудбалер, Антоан Гризман призна дека знаел дека ќе му биде тешко да се навикне во Барселона.
Во последниот преоден рок Гризман направи трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона. На „Камп Ноу“ од него многу се очекуваше, а до сега на 15 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите постигна четири гола и запиша три асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Учам многу, знаев дека ќе ми биде тешко кога доаѓав во Барселона“, изјави Французинот.
Поради Лионел Меси и Суарез, Гризман е принуден да игра на позиција на која не е навикнат.
„Мислам дека играм многу подобро кога сум во средина на нападот бидејќи така многу подобро се ориентирам на теренот. На тоа место играв неколку години и сега морам да се навикнам во новата улога“, истакна францускиот фудбалер.
Инаку, шпанските медиуми во претходниот период често пати пишуваа дека Гризман не е во добри односи со Меси.