Дома Фудбал Гризман доби порака да биде поскромен

Гризман доби порака да биде поскромен

Поранешниот тренер на ВБА, Бетис, Ла Коруња и уште неколку шпански клубови, Пепе Мел изјави дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман мора да биде поскромен.

Францускиот репрезентативец неодамна изјави дека е на исто ниво со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и играчот на Јувентус, Кристиано Роналдо.

„Гризман смета дека е на врвот на светскиот фудбал, но јас не мислам така. Да сум фудбалер би се трудел да го дадам најдобото од себе на теренот и помалку да зборувам. Тој мора да се концентрира само на работата“, изјави 55-годишниот Мел.

Французинот е во Атлетико Мадрид уште од 2014. година, а оваа сезона постигна еден гол во четири натпревари во Ла Лига. По првите четири кола во Примера, Атлетико е девети на табелата со пет освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…