Дома Фудбал Останато Гребаниците на Димитровиќ како последица од нападот на хулиганот 🎥

Гребаниците на Димитровиќ како последица од нападот на хулиганот 🎥

Во вчерашните натпревари од Лигата на Европа, внимание привлече ситуацијата во која еден навивач го нападна голманот на Севиља, Марко Димитровиќ.

Се играа завршните моменти од натпреварот кога еден навивач се симна на теренот и го нападна гостинскиот голман. Сепак, голманот знаеше како да реагира и брзо го собори напаѓачот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Веројатно беше бесен поради резултатот, можеби беше малку луд или пијан. Ме турна и ме удри, но јас го соборив и го чекав обезбедувањето. Има среќа што се воздржав, не би кажал што сакав да му направам“.

„Кога некој ме напаѓа, нормално дека ќе се бранам. УЕФА мора да реагира и вакви инциденти не смее да има на фудбалските натпревари“, изјави Димитровиќ по натпреварот.

Додека ја даваше изјавата во микс-зоната по натпреварот забележливи беа гребаниците на неговиот брат, како последица од пресметката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…