Своевремено, еден од најголемите светски таленти повторно е во лоша физичка и психичка состојба.
Проблемите со дрогата и алкохолот го доведоа во сериозни проблеми, а последниот болен удар во животот го доживеа пред неколку дена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Славниот Пол Гаскојн минатата среда бил пронајден „физички и психички претепан“ додека се расправал со две лица.
Тој бил виден во жестока расправија со маж и жена кои наводно се обидувале да му земат пари на легендарниот 56-годишен поранешен фудбалер. Ова го забележал сопственик на хотел Тери Свинтон.
“Веднаш го препознав. Тој е мојот херој, но кога го видов ми пукна срцето. Двајца покрај него се обидуваа да му ги земат парите. Немав пари со мене, но отидов во мојата соба да му дадам за такси да го однесе дома“.
„Кога му ги давав парите, маж и жена се обидоа да ги земат и јас им реков да се оддалечат и му реков на Газа да влезе“, рече Свинтон.
„Не можеше да состави реченица, беше физички и психички скршен. Кога се уверив дека двете лица не му земале ништо, се вратив во собата, додаде Свинтон.