Дома Фудбал Италија Го прогласија за „предавник“, а Донарума поради Милан одби богатство!

Го прогласија за „предавник“, а Донарума поради Милан одби богатство!

Ова никогаш ниту еден голман не можел да го сонува и јасно зошто е Рајола незадоволен со одлуката на младиот голман…

Донарума ќе остане во Милан. Како што знаете тоа е резултат на договорт постигнат вчера помеѓу клубот и младиот голман, ќе го продолжи договорот со клаузула од 100 милиони, таа ќе биде преполовена доколку Милан не се пласира во Лигата на Шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Следното лето би можел да си оди, иако клубот по фантастичната кампања на трансфери убедени се дека тоа нема да се случи. Но, наводно Мино Рајола е лут поради што Донарума ја одбил понудата од соништата.

Како што денеска пишуваат италијанските медиуми, ПСЖ сакал да плати неверојатни 13 милиони евра по сезона, двојно повеќе отколку што Донарума ќе заработува со „Росонерите“.

Била подготвена и вила во Париз, три автомобили за семејството кое би се преселило во Франција, а би го направиле тоа што и Милан, би го ангажирале постариот брат на Донарума.

Поради тоа, Рајола е премногу незадоволен со одлуката на младиот голман кој ја прекина расправијата и уште во Полска на ЕП му рекол на братот на Рајола, кој дошол да го убеди, дека одлучил и дека не може да го напушти Милан.

Се се случи по инцидентот на првиот натпревар кога навивачите на Италија, или поточно навивачите на Милан од Полска, на младиот голман му фрлаа лажни пари. И јужната трибина на „Сан Сиро“ издаде соопштение, го критикуваа Донарума и бараа клубот да го продаде „предавникот“, а ете како заврши.

Јасно, се ќе биде заборавено, такви се навивачите, но навивачите тврдат дека тој притисок беше одлучувачки дека Џиџи ќе попушти, односно да го промени мислењето, да не го послуша Рајола и да остане во Милан.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…