Јан Матсен го прекина својот одмор во Грција кога Роналд Куман го повика дополнително да се придружи на репрезентацијата, но на крајот не одигра ниту минтуа.
Левиот бек беше на островот Миконос со својата девејко Емели Тундер, а престојувал на јахта вредна над 500.000 фунти кога добил повик да го замени повредениот Теун Копмајнерс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Матсен го прифати повикот, дури и неговиот татко мораше да вози шест часа до Германија за да му ја донесе потребната опрема, но на крајот сето тоа за Матсен да ги гледа натпреварите од клупата.
Младиот 22-годишен фудбалер не доби прилика да истрча на теренот и неславно го заврши своето Европско првенство со елиминацијата на Холандија во полуфиналето.
Претходно, Матсен имаше одлична сезона во Борусија Дортмунд каде што играше какоп позајмен фудбалер од Челзи. Постигна пет голови во сите натпреварувања на 23 натпревари и во новата сезона ќе игра за Астон Вила која за него плати 44 милиони евра.
Ian Maatsen was on holiday in Mykonos when he received a last-minute call up for the Netherlands' Euros squad.
— ESPN FC (@ESPNFC) July 11, 2024
His father drove six hours to Germany to bring him his boots and other items in time for training.
He didn't play a minute during the tournament.
(📸: maatsen_/IG) pic.twitter.com/y0tFjesnxU