Дома Фудбал Останато Го поврзуваа со Барселона, а сега се огласи самиот Мончи

Го поврзуваа со Барселона, а сега се огласи самиот Мончи

monchi

Oвие денови во италијанските и шпанските медиуми се пишуваше за можно враќање на Мончи во Шпанија и тоа овој пат во редовите на Барселона.

Мончи во Рома пристигна во април 2017 година откако претходно помина скоро две децении во Севилја, а во римскиот клуб за релативно краток период доведе голем број фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познат е по тоа што знае да пронајде добар, а не така скап играч, па интерес за неговите услуги покажа Барселона. Се пишуваше дека семејството на Мончи би било главната причина поради коај тој би се вратил во Шпанија, но барем засега од тоа нема да има ништо.

„Во овој момент немам намера да се враќам во Шпанија, среќен сум тука каде што сум. За иднината не размислувам, фокусиран сум на Рома и пред мене се уште неколку години во овој клуб“, изјави Мончи за италијанските медиуми.

Барселона во Мончи како што се пишуваше гледа човек кој може многу да помогне и во работата на фудбалската школа „Ла Масија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…