За Германецот Сами Кедира поради повреда сезоната е завршена, а тоа можеби значи и дека е завршена неговата авантура во Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кедира играше во полуфиналето против Милан, но во финалето против Наполи не беше ниту на купата, а „Газета дело Спорт“ пишува дека поради повреда на тетивата го чека пауза од два месеци.
Тоа значи дека Кедира нема да биде во составот на Јувентус до крајот на сезона и дека 33 годишникот после четири сезони и четири Скудета ќе си замине од Торино.
Оваа сезона Кедира имаше проблеми со повредите, па од почетокот на сезоната одигра само 22 натпревари.
Кедира во Јувентус дојде од Реал Марид во 2015 година.