Дома Фудбал Италија Го избра Милан, пред Челзи – Дали ја направи грешката на кариерата?

Го избра Милан, пред Челзи – Дали ја направи грешката на кариерата?

kessie

Пристигна ова лето како големо засилување, но барем до овој момент работите не се одвиваат според планираното…

20 годишниот Франк Кеси минатата сезона експлодираше во Серија А во дресот на Аталанта и на 30 настапи постигна шест погодоци и важеше за еден од најпреспективните фудбалери во Италија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голем број клубови во Италија покажаа интерес за неговите услуги, а на крајот тој го избра Милан.

Пристигна на „Сан Сиро“ на позајмица од две години со обврска „росонерите“ да го откупат неговиот договор, но Франк Кеси не прикажува настапи ниту приближно добри како во минатата сезона.

Сега во италијанските медиуми се појави информација дека пред да го избере Милан можел да заврши во редовите на Челзи.

„Сините“ се распрашувале за неговите услуги, дури и го контактирале младиот фудбалер и неговите претставници, но Кеси на крајот преминал во Милан, додека Челзи го доведе Бакајоко од Монако.

Милан во овој момент е на осмата позиција во Серија А, Виченцо Монтела е пред отказ, ситуацијата не е многу подобра ниту во Челзи, но се очекува наскоро да го пронајдат вистинскиот пат и се во подобра позиција од Милан.

Сепак, Кеси има искуство во Серија  А, тука докажа дека може да доминира, додека од друга страна е прашање како би се снашол во Премиер лигата, па веројатно тоа пресудило да го изберем Милан пред Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…